Дечки,
Како што најверојатно сте слушнале, Jazoon '09 започна и денес во тек е првиот ден од тридневната конференција.
Ќе се обидам помеѓу паузите да би пренесам дел од атмосферата и по неколку збора од тоа што се случуваше денес во Цирих. Презентациите се одвиваат нон-стоп со пауза од 10 мин и една двочасовна пауза за ручек. Исто така, одеднаш конкурентно одат по 5 презентации, така да е многу тешко да се избере вистинската :)
Отворачката сесија ја имаше James Gosling попознат како 'the father of Java' со презентација која опфаќаше повеќе моменти почнувајќи од што се случуваше на JavaOne, активностите и новитетите на Java 7, како и моменталниот статус на JavaFX со 1.2 верзијата. Најбитно тука е да се спомене дека JavaFX похрабро се отвара према мобилните платформи, со подобра имплементацијата и перформански врз Ј2МЕ платформата.
И нормално, James не би бил James ако не би презентирал нешто ептен geek, со презентирање на LinkVolt (http://www.lincvolt.com/) custom made машина сопственост на Neil Young која е врзана со Јава виртуелна машина преку која нуди live-data online.
Прилично информативна беше сесијата на Роберто Чинчини, Spec Lead na J2EE 6, со која се оди во поголеми детали на измените во новата Ј2ЕЕ платформа. Најбитно од структурен план е воведувањето на профили на платформата кои би таргетирале и би се концентрирале на специфични групи. Пример, Web Profile која вклучува Servlet 3.0, EJB 3.1 Lite, JSP 2.2, Bean Validation 1.0...
Од порадикалните промени се воведувањето на подршката за асинхроно однесување на самите сервлети, целосна употреба на анотации, и web fragmenti (делови од web.xml кои се независни меѓу себе). Исто воведувањето на Bean Validators и посебна спецификација за REST базирано експозирање на самите сервлети према надвор со едноставни анотации го прават овој release интересен.
Neal Ford од Thoughworks, човек со исклучителна способност за out-of-the-box размислување, ревизитира дел од стандардните патерни на Gang of Four, но од аспект на динамичките јазици, специфично Groovy и Ruby. Генералната порака што ја испрати е дека додека функционалните јазици пристапуваат со креирање на структури со дефинирање на петерни, динамичките јазици имаат language constructs и syntactical fineses со кои ги решаваат овие проблеми на елегантен начин.
До следниот пат, поздрав од Zürich.

